Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне

Brane Petrusevski 1.jpg

СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне. Со години Артан Груби ја краде државата. СДС знае и молчи. Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција. Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни. СДС и Филипче треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби. Да не беше СДС и нивната болна желба за власт по секоја цена, буџетот немаше да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговите другари. Затоа СДС и Филипче треба да им се извинат на граѓаните, посочи тој.


Петрушевски истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ безкомпромисно влезе во битка со криминалците и одговорност ќе има за сите.

Можете да прочитате

Мислела дека дава пари за лечење болно дете, жена од Прилеп измамена за 700.000 денари

СДСМ: ЈСП тоне во долгови и нема пари а за „Маратон“ блиска до власта има над 1,5 милиони евра

Серафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм