Утрински Весник
Спорт

Драма во Њу Орлеанс – Денвер по продолжението ги победи Пеликанс

Untitled 3 19.jpg

Денвер Нагетс по продолжението славеа во Њу Орлеанс со 132:129 (28:29, 31:38, 22:26, 38:26, 13:10).

Никола Јокиќ, го предводеше Денвер со 141. трипл-дабл в кариерата. Српскиот центар забележа 27 поени, 13 скока и 10 асистенции.


Денвер губеше во текот на целиот натпревар, во еден момент од третата четвртина со дури 17 поени разлика, но последната четвртина беше онаа во која Нагетс се вратија во мечот со возења од 7:0, а потоа 9:0 , Денвер целосно се врати во натпреварот. Њу Орлеанс водеше до самиот крај на натпреварот, но Џамал Мареј на осум секунди до крајот избори продолженија.

Јокиќ потоа ги постигна првите шест поени од продолжението и му асистираше на Арон Гордон за водство од 129:125, со што Нагетс ја обезбедија победата.

Џамал Мареј забележа 27 поени, осум скока, четири асистенции и три украдени топки, Расел Вестбрук 21 поен, пет скока, пет асистенции и три украдени топки, а Арон Гордон со 17 поени и осум скока.

Најефикасен кај тимот на Њу Орлеанс беше Џордан Хокинс со 25 поени.

Си Џеј МекКолум додаде 24 поени, девет асистенции и шест скока, Ев Миси имаше 21 поен и девет скока, а Треј Марфи 21 поен и осум скока.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина