Утрински Весник
Македонија

СДСМ обвинува дека бегството на Груби е договорено меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

1729964432 Sdsm.jpeg

На денешната прес конференција СДСМ обвини дека бегството на Артан Груби од земјава е договорено помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата, овие политички договори се основа за низа пропусти во МВР со кои е овозможено Груби да ја напушти земјата.


-Последниве денови, сведоци сме на нова контроверзија со непречено бегство на лица через северната граница со Косово, што го доведува под прашање капацитетот на МВР и на министерот Тошковски, рече Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

СДСМ, на прес-конференција, откри детали за бегството на Артан Груби, што, според партијата, е директен резултат на неспособноста или намерноста на МВР. Со споредни информации добиени од свиркачи, мобилна единица на полицијата била поставена на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја напуштил земјата.

-Министерството за внатрешни работи ќе мора да даде јасен одговор: како е можно Артан Груби да избега на Косово само еден ден пред акцијата, односно самиот ден на акцијата? Според информации со кои располагаме и ги добивме од свиркачи, МВР имала поставено полициска контрола на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја напуштил државата. Контролата била таму најмалку три дена пред настанот. Ова јасно укажува дека тие се сомневале дека може да избега. Но според нашите информации, самата полициска контрола, мобилната единица на МВР, не знаеле кого треба да очекува или кога треба да стопира. Тие добиле информација дури откако Груби ја напуштил државата. Ова јасно потврдува две можни сценарија: Или биле целосно неспособни да го спречат, или пак второ и поверојатно, намерно не го спречиле. Дали Тошковски ќе каже искрено, која е причината што Груби дента кога требало да се обелодени истрагата слободно си ја напушта земјата а акцијата на МВР за негово спречување е целосно неуспешна?, рече Костовски.

СДСМ потенцира дека секој кој се огрешил законот мора да одговара, и ги охрабрува истражните органи да работат транспарентно и професионално.

Можете да прочитате

Меџити: Високо го цениме придонесот на Светска банка во борба против аерозагадувањето

ВРЕДИ: Беџети уште еднаш ја демонстрира неспособноста на ДУИ да се дистанцира од своето криминално минато

Давкова ги додели признанијата „Македонски квалитет” за 2024 година