Утрински Весник
Македонија

Потпишување на грант меѓу ЕБОР и АД ЕСМ за изградба на фотонапонски електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

20241217193238 Big 730x400 67.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, денеска, ќе биде потпишан договор за грант меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ, за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, соопштуваат од Министерството.

На настанот обраќања ќе имаат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, амбасадорот на Европската унија Михаил Рокас, претставникот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, како и раководителката на секторот за координација на ЕУ фондови и друга странска помош при Министерството за европски прашања, Евгенија Кирковска.


Со грантот вреден речиси пет милиони евра, овозможен од ЕБОР, започнува реализацијата на два значајни проекти кои ќе придонесат за енергетската транзиција на земјава.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен