Утрински Весник
Македонија

Сончево со локална облачност, наутро услови за магла по котлините

Magla.webp.webp

Наутро има услови за појава на магла по котлините, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.


Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 13 степени.

Според прогнозата на УХМР, до петок претпладне ќе се задржи стабилно и релативно топло преку денот и постојната снежна покривка ќе се намалува. Наутро во котлините ќе има услови за појава на магла, особено за време на викендот кога и дневните температури ќе бидат пониски.

-Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, ќе започне од петок попладне кога врнежите во најголемиот дел од земјата ќе бидат од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот