Утрински Весник
Македонија

ГАК: По уставните измени нема да има дополнителни одлагања на стартот на пристапните преговори

Mk Eu.jpg

Советот на ЕУ ја поздравува определбата на новата Влада на Северна Македонија, која интеграцијата во Европската Унија ја прогласи за своја стратешка цел, но потсетува дека земјата се уште не ги спровела уставните измени на кои се обврза, се наведува во Заклучоците за проширувањето усвоени на денешното заседание на Советот за општи работи на Унијата (ГАК).

– Повторувајќи го повикот до Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени, Советот ја потврдува својата подготвеност да свика уште една меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања или дополнителни политички одлуки, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата обврска, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Потоа, Советот е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, во согласност со Преговарачката рамка, се наведува во делот од заклучоците посветени на земјава.


Советот, при тоа, ги охрабрува сите партии во Собранието на меѓупартиска соработка, со фокус на напредокот во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ.

– Советот го поздравува нивото на подготовка на Северна Македонија во клучните области. Тој забележува дека се уште се потребни постојани и решителни чекори за да се забрза спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, особено во областите на основните вредности и владеењето на правото, каде што е постигнат само ограничен напредок, се наведува во заклучоците.

Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, очекуваниот почеток на преговорите за членство на земјава и на Албанија во ЕУ и парламентарните избори во нашата држава, заедно со оние во Србија

Советот нагласува и дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот за стабилизација и асоцијација.

– Советот потсетува на важноста од постигнувањето видливи резултати од имплементацијата со добра волја на билатералните договори, вклучително и на Договорот од Преспа со Грција и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, во согласност со Преговарачката рамка, се додава во заклучоците.

Советот изразува големи пофалби за доследната соработка на земјата со Унијата за прашања од надворешната политика, а особено за нејзината цврста и долгогодишна целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и за рестриктивните мерки, што се оценува како моќен сигнал за стратешката посветеност на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.

– Советот, исто така, го поздравува континуираното активно учество на Северна Македонија во мисиите и операциите на Европската Унија во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и новото безбедносно и одбранбено партнерство меѓу ЕУ и Северна Македонија, кое го отвора патот за зголемена соработка во клучните области, посочува ГАК.

Натаму се додава дека земјава „треба да испорача“ независност, професионализам, ефикасност и непристрасност на судството и реформа на јавната администрација, при што Судскиот совет треба да биде зајакнат во согласност со препораките на Оценската мисија на ЕУ од 2023 година.

Отворена поддршка на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО од групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“. Добивме и честитки за трпението и реформите, како и увер

– Борбата против корупцијата и организираниот криминал треба да биде зајакната. Советот и понатаму е сериозно загрижен за измените на Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво. Советот ја повикува Северна Македонија да усвои нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди. Советот, исто така, го обновува својот повик до Северна Македонија дополнително да ги зајакне основните права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата или заедниците, слободата на медиумите и слободата на изразување, се додава во текстот.

Советот посочува дека и покрај тоа што го поздравува тоа што парламентарните и претседателските избори одржани годинава беа конкурентни, сепак забележува дека е потребен понатамошен напредок во изборните реформи, врз основа на вонредните препораки од ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија.

Во заклучоците се нагласува и дека Советот ја поздравува земјава за континуираната добра соработка во однос на справувањето со миграцијата, управувањето со границите и усогласувањето со визната политика на ЕУ.

– Во однос на економските критериуми, Советот го поздравува доброто ниво на подготовка и одредениот напредок постигнат од Северна Македонија во развојот на функционална пазарна економија и ја охрабрува да продолжи со напорите да напредува во нејзиниот капацитет за справување со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили во Унијата и да ги спроведе неопходните структурни реформи, се вели во текстот на Заклучоците за проширувањето.

Можете да прочитате

Бајрам не е избеган, само не живее тука – Прва изјава на адвокатот Апостолски

Да се разрешат Таравари и директорите, на Детската клиника секојдневно умираат деца поради неодговорност: Бара Алијансата за Албанците

СДСМ обвинува дека бегството на Груби е договорено меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ