Утрински Весник
Македонија

Тошковски потврди дека и екс премиер е дел од истрагата за Државна Лотарија

010.jpg

Утринава во Скопје се преземени повеќе дејствија на повеќе локации и е постапено по претходно поднесена кривична пријава од страна на Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.


„При претресите кај еден од осомничените се пронајдени парични средства од околу 40.000 евра, кај втор околу 20.000 евра а две од опфатените лица не се достапни“ рече Тошковски.

Тој кажа дека овој случај се уште е во рана фаза и дека наскоро ќе има нови детали.

Претходно, неколку медиуми наведоа дека покрај првиот вицепремиер Артан Груби, во случајот со државна Лотарија, опфатен е и екс премиерот Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска

ПРЕД НАДОАЃАЊЕТО НА ВИСТИНСКАТА ЗИМА: Денешното попладне е сончево и пролетно топло во Македонија

Ковачевски: Како премиер секогаш работев чесно и законски, се надевам процесот ќе се води непристрастно и професионално