Утрински Весник
Свет

Киргистан ја менува химната, била премногу советска

00000001 546 660x401 1.webp.webp

Киргистан денеска соопшти дека ќе ја смени химната бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени со цел промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа земја во Централна Азија и сојузник на Русија, но и земја каде сè уште живее во духот на минатото на СССР.

Новоформирана собраниска комисија е задолжена за промена на националната химна, јавува агенцијата Кабар.


Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, како што тврди претседателот Садир Џапаров, само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години.

Џапаров затоа есенва побара „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.

Претседателот на Собранието Нурлан Чакиев рече дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.

По падот на СССР, Киргистан не тргна во политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ оваа планинска земја, иако тој преименувал некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, се посилно се промовира киргистанскиот јазик.

Овие мерки се посериозно иницирани по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Минатата година беше променето и знамето на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена заднина.

МИА

Можете да прочитате

Како се споредуваат Израел и Иран во воена сила?

Г7: Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје

Трамп го напушта самитот на Г7 порано поради ситуацијата на Блискиот Исток