Утрински Весник
Македонија

Костадинов од 3 до 5 декември ќе учествува на Петтиот Глобален Самит на Силни Градови во Кејптаун, Јужна Африка

Kostadinov11.jpg

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов ќе учествува во Петтиот Глобален Самит на Силни Градови кој ќе се одржи во период од 3 до 5 декември во Кејптаун, Африка. Организиран од Мрежата на Силни Градови во соработка со градот Кејптаун, овој настан на едно место ќе ги обедини градоначалниците, локалните лидери, претставниците на граѓанското општество и меѓународните партнери од целиот свет и ќе покрене дискусија за решавање на критични прашања како омразата, екстремизмот и поларизацијата во градовите.

Предизвикани од глобалните предизвици, самитот претставува платформа за споделување на стратегии, иновативни решенија и пристапи кои ги штитат човековите права и ја зајакнуваат социјалната кохезија во услови на глобални кризи, како и начини за катализирање и одржување на таквите напори. Истовремено, во Кејптаун ќе биде прикажан и напредокот во спроведувањето на заклучоците во однос на утврдените приоритетни области од Четвртиот глобален самит, одржан во Њујорк во 2023 година. Спонзориран од градот КејптаунМинистерството за Надворешни Работи на ДанскаЕвропската Унија и Стејт департментот на САД, овој собир претставува можност за вмрежување на Градоначалниците од целиот свет.  

Учеството на градоначалникот Костадинов ја позиционира Струмица на лидерската маса каде се поттикнуваат и развиваат инклузивни заедници и справување со глобалните проблеми кои влијаат на локалното владеење.

Огромно е признанието за општина Струмица и работата на Локалниот Совет за Превенција кои се препознаени на светско ниво. Како активни учесници на петтиот Глобален Самит на Силни Градови, земаме рамноправно учество со останатите глобалните лидери, со цел – заеднички да ги адресираме клучните теми кои имаат предзнак ургентност – омраза, екстремизам и поларизација. Работиме да обезбедиме ниту една заедница да не стои сама во борбата за еднаквост, вклученост и безбедност. Учеството на самитот ни претставува дополнителна можност за размена на искуства и давање придонес за колективните решенија кои ги зајакнуваат градовите ширум светот, нагласувајќи ја виталната улога на локалното управување во обликувањето на безбедни и кохезивни општества. Со вклучување во овие дијалози, Струмица ги унапредува своите капацитети за имплементација на иновативни пристапи и градење партнерства, од кои директна корист имаат нашите граѓани. ” – изјави градоначалникот Костадинов.

Можете да прочитате

Од утре ќе се бојкотира наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Првиот човек на ФЗО поднел кривични пријави против шест директори на здравствени установи