Утрински Весник
Спорт

Дел Потро официјално ја заврши кариерата

Untitled 3.jpg

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро и официјално стави крај на кариерата.

Иако нема играно тенис од 2022 година, Дел Потро реши последниот меч да го одигра против Новак Ѓоковиќ во салата „Мери Теран де Вејс“ во Буенос Аирес.

Пред нешто повеќе од 15.000 навивачи, Дел Потро успеа да ги надмине проблемите со болките во коленото и да слави по два сета со резултат 6:4, 7:5.

Не му беше лесно на Де Потро, можеби ќе се откажеше пред крајот, доколку српскиот тенисер не ја предводеше публиката на трибините.

Резултатот не беше важен, и покрај тоa што играа сингл, на почетокот на вториот сет друштво на двајцата им правеа поранешните аргентински тенисерки Жизела Дулко и Габриела Сабатини.

На крајот, солзи на Аргентинецот, но и емотивната реакција на Новак Ѓоковиќ.

Аргентинецот, против Ѓоковиќ, во кариерата победи на четири од 20 дуели. Но Дел Потро на Ѓоковиќ му нанесе два тешки порази, на Олимписките игри, прво во 2012 година, а потоа и во 2016 година.

Дел Потро ја освои својата единствена Грен слем титула во 2009 година во Њујорк, победувајќи го Роџер Федерер.

Можете да прочитате

Осум земји кандидати за домаќини на Евробаскет 2029

Фенербахче започна преговори за враќање на Елиф Елмас

Индира Кастратовиќ во „Куќата на славните“ на ЕХФ