Утрински Весник
Македонија

Чакулева на подкаст ЗРАК: Потребни се иновативни решенија во борбата против загадувањето

Zrak06.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“ вечерва во подкастот Зрак со д-р Марина зборуваше за важноста на сите поединци во борбата против аерозагадувањето.

Таа смета дека Скопје не треба да се потпира само на конвенционалните методи, туку дека во борбата против загадувањето треба да се употребат и иновативни решенија.

„Скопје, сега сме каде што сме, со изграденост, со затнат провев, а сме во котлина и не можеме да се вратиме назад и да почнеме од почеток. Тука сметам дека е потребно да се стимулираат иновативни методи. Во светот постојат начини како вие на вештачки начин да предизвикате провев и ние на вештачки начин да направиме ветер кое го дува тоа загадување. На крајот и тоа е решение, не е идеално, ама е решение. Не треба да се потпираме само на конвенционалните методи, туку буквално се што може да се примени, да го примени тука, да не чекаме да поминат 50 години“ кажа Чакулева.

Можете да прочитате

Тешко повреден рудар од Пробиштип

СДСМ: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени