Утрински Весник
Балкан

Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател

20241129103825 Big 730x400 81.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бугарските пратениците денеска ќе направат нов обид за избор на претседател на 51-то Народно собрание, јави БТА.

-Преминуваме кон нов круг на предлози и нивно гласање според усвоените процедурни правила, изјави Силви Кирилов, кој како најстар пратеник претседава со седницата.

Вчера пратениците не успеаја да изберат претседател на парламентот ниту по седмиот обид. Ниту еден од двајцата кандидати што стигнаа до гласањето – Раја Назарјан (ГЕРБ-СДС) и Силви Кирилов (Има таков народ), не доби доволно гласови.

Пред почетокот на денешната седница, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, најави во парламентот дека ја повлекуваат кандидатурата на Раја Назарјан за претседател на Народното Собрание.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес