Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Magla 1.webp.webp

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. 

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, до петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури.

– Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места, информира Управата за хидрометеорлошки работи. 

Можете да прочитате

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес