Утрински Весник
Македонија

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Sdsm Sdsm.jpeg

СДСМ утре одржува двоен Конгрес, прво отчетен, оној што беше прекинат во месец јуни а кој се одржа по катастрофалниот пораз на двојните избори од 8 мај.

Потоа ќе започне 30тиот јубилеен Конгрес кога делагатите од цела држава ќе го изберат новиот состав на Централниот одбор тело кое потоа ги бира членовите на раководството (потпретседатели и членови на Извршен одбор)

Според статутот заменик претседателот на партијата се бира на Конгрес, па така утре покрај новиот состав на ЦО, најверојатно ќе има и предлог за нов заменик претседател на партијата.

До сега на оваа функција беше актуелната пратеничка Сања Лукаревска, а кој ќе ја замени ќе се знае утре по Конгресот.

За сега, нема никакви најави за тоа кои членови на СДСМ ќе бидат идните потпретседатели и секретари на партијата.

Со оглед на тоа дека тие позиции треба да бидат избрани од ЦО на СДСМ а новиот состав на тоа тело треба да се изгласа утре, многу е веројатно дека утре СДСМ нема да добие нови потпретседатели и секретари туку дека тоа ќе се случи некој ден подоцна откако ќе се случи и правата седница на Централниот одбор.

Ќе има ли нови лица?

Од изјавите на неколку пратеници од СДСМ во изминативе денови, она што е сигурно е дека во раководството ќе има нови лица.

Координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски јавно се иззема од нова партиска функција, потенцирајќи дека во врвот на партијата потребни се нови лица.

На сличен став е и неговиот сопартиец, Благој Бочварски.

По оставката на Димитар Ковачевски по изборниот пораз, за нов претседател на СДСМ беше изгласан Венко Филипче.

Филипче кој според актуелниот статут на партијата има мандат само до месец март 2025 година досега промени единствено неколку претседатели на општински организации и назначи претседател на Градската организација.

Сепак, екипирањето на неговиот тим најблиски соработници ќе мора да го почека прво Конгресот, а потоа и првата седница на ЦО.

Два организациски секретари, многу имиња за идни потпретседатели

Она што СДСМ и самиот Филипче го најавија во јавноста е тоа дека партијата наместо еден, ќе има два организациски секретари.

Досега партијата имаше четири потпретседатели, а до овој момент нема најави дали нивниот број ќе се менува.

Во изминативе денови низ кулоарите се споменуваат десеттина имиња кои би добиле висока партиска функција.

Дел од нив се добропознати на јавноста, а дел се и помалку познати за пошироката јавност.

Но на крајот, каква и одлука да донесе Филипче во поглед на кадровски решенија, тој пред себе ќе има сериозен предзвик прво да ја обедини партијата, а потоа да може и да ја преземе диригентската палка во опозицијата и на тој начин да им парира на ВМРО-ДПМНЕ, на помалку од една година од редовните локални избори,

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути