„Остро ја осудувам одлуката за претворање на Новата џамија во Битола во таканаречен „Музеј на христијанско и исламско културно наследство“. Ова е незаконска и еднострана одлука која го нарушува уставниот поредок и принципите на верска слобода напиша Салих Мурат пратеник од Европскиот фронт.
Новата џамија, која веќе 600 години е активен верски објект, претставува значајна духовна и културна вредност за муслиманската заедница во Битола. Оваа одлука е донесена без консултација и согласност на Исламската заедница, што дополнително го нарушува правото на слободно изразување на верата.
Ги повикувам Владата и сите надлежни институции:
1. Веднаш да ја поништат оваа одлука;
2. Да отворат дијалог со Исламската заедница;
3. Да преземат мерки за заштита на верските и културните објекти во согласност со законите и меѓународните стандарди.
Нашето општество е изградено на принципите на мултикултурализам, толеранција и заедничко наследство. Овој случај е тежок удар врз тие вредности.
Како пратеник, ќе инсистирам ова прашање да биде ставено на дневен ред во Собранието и ќе ги следам сите правни чекори за да се врати правдата. Верските објекти не се само историски споменици – тие се живи сведоштва на нашето заедничко наследство и идентитет.“