Заложничката драма, која се случи денеска во ресторан во парискиот департман О-Де-Сен, заврши по три часа и сите четворица заложници се ослободени, додека никој од нив не е повреден, а киднаперот е уапсен, јавува БФМ ТВ.
Околу 13 часот, осомничениот се заклучил во ресторанот на неговиот татко со четворица вработени, кои ги зел како заложници, во градот Иси-ле-Мулино, во југозападното предградие на Париз, соопшти Париската полиција, прецизирајќи дека таму немало никој во ресторанот во тоа време.
Киднаперот е уапсен од Бригадата за претрес и интервенција (БРИ), чиј посредник бил ангажиран во оваа акција „поради самоубиствените намери на осомничениот“.
Сторителот на овој инцидент страда од зависност од дрога и е познат на органите на прогонот, но не и на судството, наведува француската телевизија, пренесува Танјуг.
На лице место беа распоредени силни вооружени и опремени полициски сили кои го блокираа приодот кон населбата каде што се наоѓа ресторанот.
Извор: TV21