Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Состанок на меѓуресорската група за измени на законите за имплементација на проектот „Безбеден град”

2 1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одржа работен состанк со  меѓуресорската работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

„Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како “Безбеден град”. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност.”, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова