Утрински Весник
Македонија

Облачно со магла по котлините

Magla Planini.webp.webp

Времето денеска ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините.

Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег.

По котлините ќе има услови за појава на магла.

Можете да прочитате

Уште 11 пациенти од повредените во „Пулс“ се лекуваат во странство

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Чупеска: Интеркултурализмот е следниот чекор по Охридскиот договор