Утрински Весник
Балкан

Србија: Прв снег и минус пет степени

Sneg Vo Srbija.jpg

На Копаоник од утринава паѓа снег. Забеле и во Златибор, Тара и во околината на Прокупац.

Природна покривка има речиси еден сантиметар на надморска височина од 1.000 метри до врвовите.

Ова е прв снег оваа зима во Србија, а според метеоролозите од Метеоролошката станица на Копаоник, врнежите се очекува наскоро да престанат, пренесува rts.rs.

Температурата синоќа се спушти до минус пет степени.Метеоролозите и надлежните предупредуваат на густа магла и дополнителна претпазливост за возачите, бидејќи видливоста е намалена.

Во пониските предели повремено врне и слаб дожд. Температурата на повисоките места ноќе е околу нула или степен пониска, додека дење е потопло.

Можете да прочитате

Тешка поморска несреќа во Грција: 15 загинати, 24 повредени

(Видео) На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот преку граница

Приштина е најевтината престолнина во Европа