Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО + ФОТО) ВИСТИНСКА ЗИМА: Пристигна првиот снег и во градовите низ Македонија

Meteoalarm.mk . Sneg.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пишува: Славчо Попоски

Како што најавив, под влијание на многу постудена воздушна маса од север и од североисток, од утринава во повеќе градови низ Македонија, особено во источните  и во североисточните предели од државава паѓа првиот снег за оваа сезона.

Снег од утринава паѓа во Кратово, Крива Паланка, Радовишко и на повеќе места од овој дел од државава.

Повремен локален снег во овие предели од државава и во некои населени места се очекува  до крајот на денов, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден. Студеното време за овој период од годината ќе се задржи во текот на целата оваа седмица, ќе има  и повремени врнежи од дожд, а повремено на планините и на повисоките места ќе врне снег.

Судејќи според моменталните прогностички материјали со кои располагам, се до крајот на овој месец ќе има почести продори на студен воздух од север, па така и понатаму можни се повремени снежни врнежи и на местата со помала надморска височина, што значи дека зимата ние веќе тука, иако до нејзиниот календарски почеток има повеќе од еден месец.

Можете да прочитате

„Силјан” конечно „слетува” на црвен тепих во Скопје

 Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

Деспотовски не ја негираше соработката со ВМРО и повторно ја нападна СДСМ