Утрински Весник
Македонија

МЕПСО: Интензивни работни активности за изградба на 400/110 kV трансформаторска станица Охрид

20241109113750 Big 730x400 64.webp.webp

Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/ 110 kV трансформаторска станица Охрид, велат од МЕПСО.

„Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план. На површина од 80 000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба на фундаменти за монтирање на челични носачи на опрема во 400 kV постројка.

Членовите на Управниот Одбор на чело со генералниот директор Бурим Љатифи, ја потенцираа важноста на овој капитален инфраструктурен проект и за државата и за регионот бидејќи со инвестицирање во преносната мрежа градиме добрососедски односи и се поврзуваме со цел, поголем економски просперитет и повисок стандард за граѓаните.

Со проектот се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи, се овозможува поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, но и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги.

Проектот за интерконективно поврзување со соседна Р. Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа. Опфаќа две компоненти а тоа се 400 kV далекувод ТС Битола 2 – албанска граница и изградба на ТС Охрид која ќе има 400 kV влез и излез, и три излеза на 110 kV ниво кон Охрид, Струга и Ресен“, пишува во соопштението испратено од МЕПСО.

Можете да прочитате

Версиус – малиот робот кој оперира со минимален пристап беше презентиран во „Жан Митрев”

Средба Сиљановска Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

ДУИ: Кој вистински ја дестабилизира државата и го загрозува мултиетничкиот карактер?