Утрински Весник
Скопје

ЈП Лајка со повик: Стани инфлуенсер за да се вдомат нашите кучиња!

Image 218298.jpg
Dik 300x250 mk

Јаното претпријатие „Лајка“ во потрага по нов начин да ги удоми кучињата од прифатилиштето промовира настан што ќе се одржи на 16 ноември, од 11 до 14 часот, во нивните простории.

„Посетете нè, запознајте ги нашите преслатки кучиња и изберете го вашето куче што сакате да го промовирате. Фотографирајте се со кучето и објавете ја фотографијата на вашата ‘приказна’ означувајќи ја @jplajka и уживајте во коктелите направени од нашите поддржувачи Tito’s Handmade Vodka. Доколку избраното куче што го промовирате успее со ваша помош да најде дом, ќе освоите специјална награда за вашето домашно милениче од нашите спонзори!“, велат од „Лајка“.

Повикот е отворен за пријави од денес до 14 ноември на линкот. 

Можете да прочитате

Меџити: Ова е чиста победа, изградена со доверба и љубов кон Чаир

Ѓорѓиевски: Ќе направиме генералка во цело Скопје во првите 72 часа, сметот и мини депониите ќе бидат минато по 2 ноември

Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар