Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Груевски со женско друштво во ресторан во Будимпешта

Gruevski.jpg
Dik 300x250 mk

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски по подолго време повторно е виден во главниот град на Унгарија, Будимпешта, овој пат во скап јапонски ресторан.

„Никола Груевски повторно беше виден во Будимпешта. Никола Груевски, кој побегна во Унгарија во ноември 2018 година од последната затворска казна, беше фотографиран во ресторанот Токио во центарот“, пишува на социјалните мрежи на Радио Слободна Европа на унгарски јазик, кој објави фотографија од Груевски во друштво на една госпоѓа.

Според РСЕ, Груевски седел на маса покрај прозорец во ресторанот во Будимпешта.

На 30-ти септември беше објавено дека Груевски целосно ја избегна двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, поврзан со набавката на луксузниот „мерцедес“. На 4 октомври 2018 година, Груевски беше правосилно осуден, но поради истекот на шестгодишниот период застарување, на 4 октомври 2024 година, казната не може да биде извршена.

Можете да прочитате

Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Неколку кражби на грозје, лук и праски од земјоделски имоти годинава во Тиквешкиот регион