Утрински Весник
Македонија

(Видео) Филипче во Собрание покажа нови докази дека Христовски е незаконски поставен за директор на АНБ

Venkogovornica Scaled.jpg

Во свое обраќање во Собранието, претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче покажа нови документи, кои според него докажуваат дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски е поставен незаконски.

„Слушнавме од вашиот коалициски партнер дека поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор ваш, што е и не е изненадување. Туркате партиски кадар – претседател на Градски комитет на ДПМНЕ за кој велите дека се деполитизирал за само неколку месеци. Ова инфантилно објаснување не треба ни да се коментира.

Но денес господине Мицкоски, ќе ви презентирам докази за нешто што го криевте, а ние го тврдевме. Докази дека станува збор за незаконско поставување на директор на Агенцијата за национална безбедност. Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување.  Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар“ рече Филипче.

Филипче потсети на случајот со серификатот за англиски јазик на Христовски добиен во Бугарија и побара тој да биде разрешен од функцијата.

„Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Христовски треба да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност“ порача Христовски.

Можете да прочитате

Откриен нов случај на птичји грип кај дива гуска во Злокуќани

Министерката Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и дека нема важечки бугарски документи

Општина Карпош додели парични стипендии за 85 основци – талентирани ученици и спортисти