Утрински Весник
Македонија

ЗНАМ: Немаме претставник во работна група за законот за правична застапеност

Maksim Znam.jpeg

„Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана“, соопшти партијата на Максим Димитриевски.

Наспроти тврдењата на министерот за администрација Горан Минчев (и самиот од ЗНАМ) дека не е запознаен со постоењето на таква работна група, Снопче денескa изјави дека таа „постои и се состои од претставници на коалицијата ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Претставник на ЗНАМ е самиот министер, господинот Минчев и досега таа работна група веќе има одржано две средби“.

„Би сакале да го запрашаме господинот Снопче дали е точно дека тој е дел од работната група во Собранието, која го подготвува новиот закон за правата на бранителите од конфликтот во 2001 година. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како одговорен политички субјект, смета дека изречениот збор, особено од носители на функции и претставници на народот, имаат посебна тежина и секогаш треба да се одраз на реалноста и вистината“, велат од ЗНАМ.

Ставот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како што велат од партијата, е дека правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и затоа треба да се најде соодветно законско решение кое ќе биде предмет на широка јавна расправа во која ќе учествуваат експертската и научна јавност и заинтересираните страни, а кое на крајот ќе биде пратено до Венецијанската комисија.

Од ЗНАМ додаваат дека партијата работи јавно и транспарентно, како што тоа досега го покажала праксата и секогаш во интерес на граѓаните, а
штитејќи ги државните интереси.

Можете да прочитате

Моника Зајкова ја напушта коалицијата со СДСМ – нејасно дали ќе се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ?

Орце Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува партнер на сите општини

Зошто Ердоган ја избегнува Македонија? Турскиот претседател двапати на Балканот, но не и во Скопје