Утрински Весник
Македонија

За вакцинација за сезонски грип досега пријавени над 61 илјада, вакцинирани над 19 илјади граѓани

Vakcina.webp.webp

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61.000 граѓани, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип.

Во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19.000 граѓани.

Почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица.

Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.

За потсетување, пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина