Утрински Весник
Свет

Си-ен-ен: Почнаа преговорите меѓу САД, Израел и Катар за прекин на огнот во Појасот Газа

20241028072356 Big 730x400 77.webp.webp

Во Доха почнаа преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименуван извор.

Претходно медиумите објавија дека главните преговарачи од САД, Израел и Катар треба да ги започнат преговори во текот на оваа недела.

Ова е прва рунда разговори на високо ниво по повеќе од два месеци, а според Си-Ен-Ен, американските власти се залагаат за обновување на разговорите по убиството на еден од лидерите на Хамас, Јахја Синвар.

Египет претходно предложи дводневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа за време на кој четворицата израелски заложници ќе бидат ослободени.

Предлогот ќе вклучува и ослободување на неколку палестински затвореници и испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повторно повика на итен прекин на огнот, соопштувајќи дека израелските воени операции во северниот дел на Појасот Газа го прават животот на палестинското население неодржлив.

Можете да прочитате

Во Турција уапсени 216 членови на ИД

Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Украински дронови уништија два руски топа 25 километри зад линијата на фронтот