Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

Maxresdefault 1.jpg

Очигледно власта мисли дека комисијата треба да жртвено јагне за да се спаси Сиљановска и нарачетелите на овие скандалозни помилувања.

Претседателката Силљновска ги дава и одлучува за помилувањата, не комисијата и целосната одговорноста е кај неа.

За скандалозните помилувања мора да има одговорност и за Сиљановска и за нарачателите.

Во април 2023 година унгарската претседателка Каталин Новак си поднесе оставка поради скандал со помилување на едно лице.

Сиљановска помилуваше и нарко бос и осудени криминалци, вмешани во шпионски афери.

Нели Унгарија и Орбан се моделот кој го следи Христијан Мицкоски?

Еве по примерот на Унгарија нека се одважи Сиљановска и нека понесе одговорност, нека си даде оставка, одговори на новинарско праашање Методија Илиевски од СДСМ.

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот