Утрински Весник
Македонија

Таравари: Ќе се бориме Законот за бранители да не помине

Taravari Bir Bb.jpg

Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ, вечерва во гостување на тв Телма зборуваше за коалициските релации со ВМРО-ДПМНЕ, за евроинтегративниот процес на земјава, но и за Законот за бранителите кој никако не поминува во Собранието.

„Генерално, многу е битно овој период да бидеме трезвени и многу умни. Се наоѓаме во многу битен и важен период за државата, бидејќи се во една раскрсница кога се одлучува за иднината на државата, не за една или две години, туку за наредни 50 или 100 години. Мора сите шaховски потези да се играат мудро, некогаш тие мудри потези во политиката можат да чинат врз кредибилитетот и рејтингот, не се толку битни колку што е битно понатамошниот пат на државата“ вели Арбен Таравари.

„Со господинот Мицкоски се знаеме од крајот на 2019 година, а искуството е релативно коректно, но не можам да гарантирам, но во однос на тоа како се однесуваме, односот според мене е коректен и партнерски, за многу нешта сме разговарале и за повеќето од тие работи сме се договориле“ додаде Таравари.

Тој додаде дека екипа од 4 месеци, не може да функционира без грешки, и дека коалицијата на власт сѐ уште треба да се синхронизира и да се координира подобро.

„Законот за бранители е 5 или 6 пат што се предлага, а пет пати се гласа за овој закон. И кога некој тоа го прави намерно во првите 100 дена од Влада, јас ви гарантирам дека од СДСМ воопшто не им е гајле, имале седум години пред тоа, секој човек може да разбере дека ова е тенденциозно. И од наша страна е легитимно со демократски алатки во Собранието да оневозможиме. Ние ќе се обидеме на секој начин овој закон да не помине“ изјави Таравари.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија