Утрински Весник
Македонија

Директорот на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување и масакрираше здрави, украсни птици

Zoo Skopje.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

В.д. директорот на ЗОО Скопје, Зоран Попов демантира изјава на вработена во Зоолошката градина дека АХВ имале налог и известување за упадот во скопската Зоолошка градина.

„Во врска со самоволната изјава од вработената Тина Мицковска со која изјавува, цитирам `Иако АХВ уредно по закон и по протокол известиле и пратиле допис до ЗОО Скопје уште претходниот ден што ќе се случува, ние најголемиот дел вработени не бевме информирани`. Оваа нејзина изјава е целосно невистинита, а со истата свесно, со намера ја дезинформира јавноста, свесно ги вознемирува граѓаните, создава чувство на страв и паника, но и истата изјава е целосно лажна што претставува кривично дело“ се вели во соопштението испратено од Попов.

Тој вели дека „до ЈУ Зоолошка Градина Скопје не е доставен никаков налог, ниту известување од страна на АХВ на 19ти Октомври ниту претходниот ден 18ти Октомври. Напротив АХВ без налог, без известување, без присуство на овластено лице, врши наcилен упад во ЈУ Зоолошка градина Скопје и врши масакр на здрави, украсни птици за кои не е утврдено присуство на птичји грип“.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен