Утрински Весник
Спорт

Фенербехче ја најде замената за Вилбекин

1017101 Skoti Vilbekin F.jpg

Екипата на Фенербахче  најде замена за Скоти Вилбекин, кој на натпреварот со Олимпијакос, во рамки на првото коло од Евролигата, се здоби со тешка повреда на коленото, поради која ќе отсуствува подолг период.

Како што објавија европските медиуми, Вилбекин во жолто-синиот“ дрес на Фенербахче ќе го замени Скајлар Мејс (27), кој очигледно не ги убедил челниците на Минесота Тимбервулфс дека треба да добие место во тој тим за следната сезона.

Покрај Минесота, Мејс играше и за Атланта, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд во НБА лигата.

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1