Утрински Весник
Македонија

Продолжува работната посета на Мицкоски во Берлин

Mickoski 414570.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес продолжува посетата која претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја имаат на Берлин, Сојузна Република Германија која е дел од таканаречениот Берлински процес.

Денес Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ќе ги презентира економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе оствари средба со Аналена Бербок, сојузен министер за надворешни работи при што ќе одржат и заедничка изјава за медиуми.

Воедно ќе се оствари средба и со претставници од раководството на германската фондација Конрад Аденауер Штифтун. Ова е втор ден од посетата на Германија откако вчера премиерот Мицкоски оствари бројни средби со премиери на Влади и политички лидери вклучени во Берлинскиот процес. Тој оствари средба и со Германскиот канцелар Олаф Шолц при што беше потврдена германската поддршка за европските интеграции на државата.

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

АХВ со 262 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња: утврдени само минимални недоследности

Миноски: Македонија заробена во економија на страв, уцени и корупција