Утрински Весник
Спорт

Македонските фудбалери изненадени од специјален гостин на денешниот тренинг

237848 Vardar Nemokjen Protiv Struga Rabotnichki E Nov Lider Vo Prvata Liga 2x.jpg

Изминатиот викенд Андон Дончевски
беше специјален гостин на натпреварот кој го одигра Вардар против Струга, но денеска беше поддршка и мотивација плус за македонските фудбалски репрезентативци.

Првиот селектор во историјата на нашата А репрезентација има посебно место во срцата на сите љубители на фудбалот, а харизмата и позитивизмот кој ги шири секогаш се добри за националниот тим.

Популарниот Дончо денеска беше дел од тренингот на репрезентацијата и ги бодреше најдобрите избраници на селекторот Благоја Милевски, на кои им посака среќа за следните предизвици во Лигата на нации.

Октомврискиот циклус носи две гостувања за Македонија, а повеќе од јасно е дека главна цел е да се освојат максимални шест бода.

Македонија задутре игра против Летониј во Рига, а три дена подоцна и против Ерменија во Ереван.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност