Утрински Весник
Скопје

Опожарен еден контејнер во скопската општина Ѓорче Петров

Viber Image 2024 10 05 21 41 31 324.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на изминатиот викенд, непознати сторители опожариле еден контејнер наменет за одлагање комунален отпад лоциран на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Опожарениот контејнер беше со зафатнина од 3,2 м3 и е целосно уништен и неупотреблив.
Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно 19 пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Можете да прочитате

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух