Утрински Весник
Македонија

ОВАА СЕДМИЦА ЌЕ ГО ИМАМЕ ДОЛГО ОЧЕКУВАНОТО И ЗАДОЦНЕТОТО “МИНИ ЛЕТО”: Температурите ќе се искачат до близу 30 степени!

Meteoalarm.mk .minileto.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Следува период на стабилно, суво и сончево време во Македонија, ќе биде  и значително потопло, што значи оваа седмица ќе го имаме она што кај народот е познато како Циганско Лето, а кај нас Метео Прогнозерите како “Мини Лето”.

На средината од седмицава ќе засилува  и ветерот од југозападен правец. Мора да напоменам дека повремено ќе имаме појава  и на умерена облачност, а само на кратко во среда и тоа особен о во западните предели ќе има услови за локален дожд проследен со ретки грмежи.

И во Скопскиот регион оваа седмица ќе имаме стабилно, суво, сончево и значително потопло време, повремено со умерена облачност.

Што се однесува до температурите, во почетокот на седмицава наутро ќе биде постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени, додека потоа истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Што се однесува до максималните дневни температури, и тое ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, особено од средината на седмицава. Во Скопје температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 8 и 14 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваа тво интервалот помеѓу 22  и 26 степени.

Уживајте во преубавото време кое не очекува оваа седмица, и покркај тоа што повремено ќе имаме малку повеќе облачност, а во среда  и услови за локален краткотраен дожд (ништо посебно).

Можете да прочитате

Мицкоски ја фрли ракавицата, Ахмети му врати за една година заедно со локалните и парламентарни избори

Васко Саздовски е Македонецот кој трагично загина во Нови Сад

Граѓаните на Македонија со повисоки очекувања за државата и политиката