Утрински Весник
Македонија

По страшната сообраќајна несреќа, отворен за сообраќај патниот правец Прилеп-Битола

Den 415477.jpg
Dik 300x250 mk

По тешката сообраќајна несреќа од утринава, која се случи во 8 часот, АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Кај Лагово утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија три лица, вработени во приватна клиника во Битола, доктор радиолог, примариус д-р Александар Ристески, радиолог, д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген техничарката Фанче Јовановска, а едно лице беше повредено.

По сообраќајката, Основното јавно обвинителство нарача и увид и вештачење.

Овој патен правец често одзема жртви. Веќе 30 години се најавува нов пат во вид на експресен пат или автопат, но од него нема ништо. Само се „фрлаат лопати“, а ништо конкретно не се презема.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен

ДИК одби уште три приговори за гласање во избирачки места во Шуто Оризари

Фатен на дело: Директорот на Агенцијата за земјоделство уапсен при примање мито (видео)