Утрински Весник
Македонија

Филипче со сочувство за медицинските лица што денеска загинаа во сообраќајна несреќа

Filipce 1.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство за медицинските лица кои утрово загинаа во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп.

„Денеска загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и пред сè големи луѓе. Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа во Прилеп, во која животите ги загубија примариус д-р Александар Ристески, радиолог, д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген техничарката Фанче Јовановска, сите дел од приватната болница Плодност од Битола. Загубивме луѓе кои посветија живот за доброто на другите и кои оставија неизбришливи траги во здравството. На семејствата, блиските и колегите на загинатите им изразувам најискрено сочувство. Нека им е вечна слава“ се наведува во објавата.

Можете да прочитате

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ, вели европратеничката Јовева