Утрински Весник
Македонија

Уапсен бегалец од КПУ Затвор Куманово

Zatvor 880x600 1.jpg

На 02.10.2024 околу 22.30 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А. (26) од Скопје, кој по наредба од Основен кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од КПУ Затвор Куманово, а бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци во врска со чл.215 ст.3 за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Исто така, А.А. бил баран и во врска со кривично дело по чл.259 (изнуда). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Можете да прочитате

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта

Расправија меѓу малолетници прерасна во групна тепачка во Шуто Оризари