Утрински Весник
Македонија

Давкова прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија

Foto 1 11 Scaled.jpg

Претседателката Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводена од здружението ЗМСТАС „ЗА НАС”, а во пресрет на одржувањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана со генералните заложби на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, воспоставените соработки и учества на меѓународни конгреси и симпозиуми. Претставниците на Унијата информираа и за тековните активности во контекст на изготвувањето на предлог законот за уредување на сестринската професија, за унапредување на работата и подобрување на образовниот процес.

Изразувајќи почит кон нивната благородна професија, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината поддршка за континуираниот ангажман за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата, што има непосредно влијание и врз севкупните здравствени услуги за граѓаните. Во таа насока беше нагласена потребата за поголема видливост на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат, како и од посветен и одговорен пристап за нивното надминување.

На средбата се разговараше и за подготовките околу организирањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата што на тема “Автономија на сестринството: сега и во иднина”, ќе се одржи во периодот од 4 до 6 октомври, во Струга, како и за 5. Конгрес на Балканската асоцијација на сестринството, чиешто одржување е предвидено за март следната година, во Скопје.

Можете да прочитате

НЕМА МЕСТО ЗА ШИРЕЊЕ НА ПАНИКА: Нема во најава екстремно топол бран од Африка

МВР со демант до СДСМ по тврдењата за набавка на сомнителен софтвер за прислушкување

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност