Утрински Весник
Македонија

СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Циклонот од Џенова ни носи пообилни врнежи, силен јужен ветер и локално невреме

Overview 20241002 00 057.jpg

Уште денес во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време. Веќе од утре (четврток) па се до крајот на неделава ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност која ќе биде со центар над Џеновскиот Залив. Во ваква ситуација, утре најпрвин во западните предели ќе има повремен локален дожд.

Од петок па за време на викендот повремени врнежи од дожд ќе имаме во поголем дел од државава и истите локално ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови и за појава на невреме со силен ветер, грмежи и со услови за појава на град.

Да напоменам, дека за време на овој циклон повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час)

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат во значителен пораст, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 17 до 25 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23  и 26 степени. Само да напоменам дека во овие денови локално во југоисточните предели, како и во централниот дел од државава, но и во Скопскиот регион повремено температурата ќе надминува  и 25 степени.  Инаку, и во Скопје од петок ќе има појава на повремени врнежи од дожд.

За време на овој циклонски систем, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).

На следниот линк, можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!