Утрински Весник
Македонија

Со “Мерцедес” излетале од патот Куманово-Свети Николе: Двајцата се повредени

Brza Pomos.png

Денеска (01.10.2024) во 00:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

(Фото+Видео) Ноќ на труење, голем пожар на Дрисла го прекри градот во чад

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви