Утрински Весник
Македонија

Лефков: Тоа што СДС губи на анкети 5:1 не е оправдување за да ги вреѓаат граѓаните со зборот „будали”, веднаш да се извинат

Lefkov 30.09.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Очигледна е нервозата во Социјалдемократскиот сојуз по објавените анкети дека се 5 пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е и не може да биде оправдување за вреѓањето на граѓаните со зборови како „будали”.

СДС мора да сфати дека партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите. Затоа кога народот казнува и кажува дека не му се допаѓа некоја политичка партија, истата не треба да го навредува, туку да се поправи.

Најмалку што можат од СДС да направат е да смогнат сили и да се извинат.

Срамота е до кое дереџе ја донесе Филипче партијата која некогаш важеше за главен политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е истата реторика на Стево Пендаровски кој го нарекуваше народот стока. Истиот заврши во политичка пензија.

Топло им порачуваме на СДС за лошите резултати на анкетите, вината да си ја бараат во криминалните структури во партијата, а не кај народот.

Ги повикуваме сите чинители во државата, граѓански организации и политички партии да го осудат односот на Социјалдемократскиот сојуз кон граѓаните. Вреѓањето на народот не смее да стане политички дискурс.

Можете да прочитате

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево, силна динамика на терен

Борозан: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари