Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека по неговото враќање во Скопје ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал.

– Правиме план за распределба на дипломати внатре од Министерството за надворешни работи кои треба да бидат упатени во следниот период во дипломатско-конзуларните претставништва, а имам начелна согласност и со претседателката и со претседателот на Владата дека по моето враќање од ова патување ќе го отпочнеме процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати каде што се испразнети или наскоро ќе бидат испразнети од највисоките функции, изјави Муцунски.

Министерот посочува дека кога новата Влада ги наследила состојбите во институциите видела дека има несоодветна распределба.

-Прво, на кадарот во Министерството за надворешни работи по нашите дипломатско-конзуларни претставништва. И како најкласичен пример го давам фактот што имаме само двајца дипломати во нашата амбасада во Вашингтон, амбасадор плус уште еден помлад дипломат, во земја која е наш стратешки партнер и која што негуваме одлични односи не само во политиката туку и во делот на одбранбената и безбедносната политика, во делот на економијата и сите оние други прашања. Вклучително ова е и држава каде што имаме и голема дијаспора.

За тоа кои амбасади се најприоритени, министерот вели дека немаме амбасада или конзулат кој не ни е приоритет. Ги издвојува Париз, Постојаната мисија на ОН…

-Точно е нашата мрежа не е огромна, имаме средна, веројатно и соодветна дипломатска мрежа на ДКП, но не смееме да оставаме ниедно ДКП празно бидејќи статусот на ДКП-то кога има амбасадор или генерален конзул е помоќен отколку ако има само вршител на должност. Секако би издвоил дека ние се уште немаме амбасадор во Париз, Франција е значајна земја. Како што знаете испразнета ни е постојаната мисија со враќањето на амбасадорот Фрчкоски, испразнета ни е и позицијата во ОН, но ќе повторам нема земја која што не ни е значајна, рече Муцунски.

Можете да прочитате

Ужас во Штип: 14-годишно и 13-годишно дете живеат во вонбрачна заедница

Обвинителство нареди обдукција за починатата родилка

Малолетници од Штип живеат во вонбрачна заедница