Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Граѓаните, но и приватните превозници се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ

Grad Skop E.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на Град Скопје:

Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ.

Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес.

Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех.

Можете да прочитате

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост