Утрински Весник
Свет

Потона брод во Грција: Тројца мигранти загинаа, а 25 се исчезнати

1708002705 whatsapp image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Најмалку тројца мигранти загинаа, а 25 се водат за исчезнати кога бродот со кој го преминаа Средоземното Море кон Европа денеска потона во близина на грчкиот остров Самос.

Досега се спасени пет мигранти, а во потрагата се вклучени четири брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер, која сè уште е во тек, пренесува „Ројтерс“.

Потрагата продолжува во северозападниот дел на островот во близина на населбата Агиос Исидорос.

Можете да прочитате

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија

Трамп: Бараме посветеност од земјите членки на БРИКС дека нема да создадат нова валута