Утрински Весник
Свет

Маск: Илјадници Старшип ќе ги носат луѓето на Марс, освен ако Камала не победи

20240923090011 Big 730x400 40.webp.webp

Елон Маск вети дека ќе го однесе на Марс „секој што сака да патува таму“, но истакна дека тоа нема да се случи ако Камала Харис стане претседателка на САД.

Маск синоќа на X објави дека ќе испрати пет вселенски бродови на Марс за само две години. „На крајот ќе има илјадници Старшип кои ќе одат на Марс. Тоа ќе биде прекрасна глетка“, рече Маск.

Сепак, американскиот мултимилијардер и поддржувач на Доналд Трамп изјави дека уште еден мандат на демократите на чело на државата ќе ја „уништи“ програмата за патување на Марс. „Никогаш нема да стигнеме на Марс ако победи Камала“, рече Маск претходно овој месец.

Такво тврдење повторува и самиот Трамп. Републиканскиот кандидат вети дека ќе испрати луѓе на Марс за време на неговиот мандат. „Ќе разговарам со Илон. Илон, придвижи ги ракетите“, рече Трамп на свој митинг, пренесува Скај њуз.

SpaceX зазема пристап со висок ризик-висока награда во истражувањето на вселената. Компанијата стана главен превозник на НАСА до Меѓународната вселенска станица. Пред само две недели, таа му помогна на американски милијардер да стане првиот човек што учествувал во ризична приватна прошетка во вселената.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме