Пред неколку месеци пациентка која дошла да се лекува на Одделот за психијатрија во Градската општа болница 8ми септември, останала без своите пари од чантата.
Станува збор за сума од 100 евра и 1.700 денари кои биле одземени на пациентката.
Пред извесен период во медиуимите со сведоштво излезе нејзиниот сопруг кој кажа дека кога отишол да ја земе својата сопруга парите (околу 130 евра) не биле во нејзината чанта, а кога ги побарале, вработените им рекле дека не знаат каде се, за по некое време да им кажат дека парите се најдени.
На жената од која се одземени парите, во извештајот стои дека со себе има вредни работи, по што е изготвен и реверс, затоа што таа дошла без придружба.
Парите се уште не се вратгени, а 24инфо.мк дознава дека главната сестра која е осомничена дека ги зела парите, се уште оди на работа иако против неа е поведена постапка.
Сестрата се сомничи дека направила лажен реверс, а потоа и дека лажно пријавила, но до ден денеска болницата против неа нема ништо преземено.
Извори од 8ми септември за 24инфо.мк велат дека во последните месеци во болницата сериозно се нарушени меѓучовечките и меѓуколегијалните односи и дека покрај овој, има и низа на други случаи на кражби внатре во болницата.