Утрински Весник
Свет

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

20240919072846 Big 730x400 13.webp.webp
Dik 300x250 mk

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на уреди за безжични комуникации во Либан, соопшти Министерството за здравство, пренесе Би-би-си.

Тоа се случува во вчерашниот втор бран експлозии, еден ден по серијата смртоносни експлозии на пејџери на членови на проиранската група Хезболах.

Воки-токи користени од членовите на милитантната група Хезболах експлодираа во јужните предградија на главниот град Бејрут, долината Бека и јужен Либан – области кои се сметаат за нејзини упоришта.

Некои од експлозиите се случија за време на погребите на некои од 12-те лица за кои Министерството соопшти дека биле убиени во експлозијата во вторникот. Хезболах го обвини Израел за нападот.

Израел не коментираше. Нападите се случија кога израелскиот министер за одбрана Јоав Галант најави „нова фаза во војната“ и кога дивизијата на израелската армија беше префрлена на север.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на „сериозен ризик од драматична ескалација“ и ги повика сите земји да „искористат максимална воздржаност“.

-Очигледно логиката зад детонирањето на сите овие уреди е тоа да се направи како превентивен напад пред голема воена операција, рече тој.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците