Утрински Весник
Македонија

Пендаровски одбил 10 покани од Радев, а Давкова самата се поканила на гости кај него

20210526122040.jpg

„Никогаш не сум одбил средба со друг претседател кој ја посетил Бугарија без разлика за каков повод.“ Вака започнува објавата на бугарскиот претседател Румен Радев околу средбата со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова. 

Од вака изнесените ставови се добива впечаток дека Давкова самата се поканила и „му упаднала“ на Радев на гости во неговиот кабинет. 

Дека најверојатно станува збор за ад-хок средба, може да се заклучи од протоколарните пропусти и отсуството на реакција од кабинетот на Давкова, за тоа што никаде на средбата немаше македонско знаме, туку само знамињата на домаќинот, односно бугарско и знамето на ЕУ.

За разлика пак од Давкова, поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, 10 пати одбил покана од Радев, да дојде во посета на Софија, а тоа јавно го кажа и бугарскиот претседател.

„Во изминативе години 10 пати го поканив Пендаровски да ја посети Бугарија“ ќе каже Радев во Пловдив во април 2023 година. 

Пендаровски и Радев често пати беа во заладени односи, а поранешниот македонски претседател остро и силно реагираше на секоја изјава на Радев со која тој го проблематизираше македонскиот идентитет, јазик и македонската историја.

Можете да прочитате

Трајаноски: Ако е проблем фотографијата без државното знаме, зошто Сиљановска-Давкова ја објави?

Не вчера, не денес, туку утре од кабинетот на Сиљановска ќе прашале зошто немало македонско знаме во Софија

Автомобил излета од патот кај Кратово: Три лица повредени, едно потешко