Утрински Весник
Македонија

Наместо поголеми плати, наставниците од министерката ќе добијат повеќе обврски

Skolo 4 780x470 1 2.png

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска најави новини во спроведување на предметната настава од шесто до деветто одделение.

Јаневска посочи дека со воведување на едносменска настава (за почеток) онаму каде што има услови, децата ќе се стекнат со многу нови знаења преку нови начини, па така министерката најави дека учениците од овие одделенија, ќе остануваат по шест часа на училиште, а учениците ќе имаат многу спорт, информатика, претприемништво, интерактивна настава, домашно во форма на истражување, да научат мирно решавање проблеми, препознавање булинг, прифаќање на различностите. 

„Сето тоа, досегашниот образовен систем не го обезбедил. Затоа наставниците ќе треба дополнително да се ангажираат, вели министерката за образование и наука.

„По закон, наставниците и учениците треба да остануваат шест часа во училиштата. Тие ќе остануваат и подолго од шест часа, зашто тоа е нашата реформа. Реформата е што подолго учениците да бидат во училиштата за да стекнуваат што повеќе знаења на различни начини. Реформата е наставниците да станат функционални во корист на учениците“ додава Јаневска.

Годинава за прв пат по неколку години наставниот кадар остана без зголемени плати

Но, министерката збор не кажа за покачувањето на платите на наставниците и професорите, а тоа се чини е веќе апсолвирано прашање, затоа што ставот и на МОН и на Владата е дека следното покачување ќе се случи во 2025 година.

Со тоа, за прв пат по неколку години односно од 2019 година наваму, вработените во основното и средното образование ќе останат без зголемување на платите.

И додека Синдикатот за образование и наука се уште молчи за нереализираната обврска на Владата, наставнциите самите се организираа и излегоа на предупредувачки протести, најавувајќи и следни чекори.

Останува да се види како вработените во улилиштата каде ќе се спроведува најавената реформа ќе реагираат на зголемениот обем на работа во услови на непокачени плати.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија